БДП во првото тримесечје со раст од 1,2 отсто
Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2024 година е 1.2%.
Во првото тримесечје од 2024 година, поголем пораст е забележан во секторите: -Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 19.6%, К и Л – Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 7.5% и Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 6.9%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2024 година, номинално расте за 4.8 %, а нејзиното учество во структурата на бруто- домашниот производ изнесува 72.0%.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е намален за 6.0 %, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 0.5%.
Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2024 година бележат зголемување во делот на бруто инвестициите во основни средства ( во машините и опремата и во транспортната опрема) и кај промената на залихите.
Дума.мк