Бектеши: Рестораните за свадби најверојатно ќе работат од крајот на мај
„Јас кажав дека рестораните за свадби најверојатно ќе почнат да работат од крајот на мај“, повтори денес министерот за економија, Крешник Бектеши на прес-конференција.
Според него, оваа одлука ќе се донесе заедно со Комисијата за заразни болести, доколку епидемиолошката слика го овозможи тоа.
Министерот не даде никакво појаснување за тоа дали веќе се почнати со подготовки за протоколите за ваквиот тип на ресторани.
Пред два дена, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ја отфрли можноста да се дозволи организирање свадби во земјава. Toj порача дека актуелните протоколи за работа на угостителските објекти важат до 15 мај. Дури потоа, согласно препораките на Комисијата за здравство ќе се знае што понатаму.
„Во овој момент очите се свртени кон Комисијата за здравство. Tоа ни е единствената точка според која ги носиме економските одлуки. Со последната одлука на Владата им дозволивме на угостителските објекти кои се категоризирани за организирање настани да работат под истите услови како други угостителски објекти. Tоа е да работат на отворени тераси и според протоколите. Вчера зборувавме за евентуално дополнително прилагодување на протоколите за работа на оваа категорија на угостители“, рече Битиќи по посетата на Хидросистемот Злетовица.