Цените на горивата од полноќ се зголемуваат за половина денар
Објавено на 7 јуни, 2021 во 13:00
Цените на горивата од полноќ се зголемуваат за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се точи по цена од 70 денари за литар. Дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава по 60,50 денари за литар оваа недела.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство, се зголемува за еден денар, па ќе чини 60 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,008 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.05.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 34,889 ден/кг.