Цените во угостителството пораснати за 4,4% во споредба со лани

Објавено на 6 мај, 2025 во 15:27

Цените во угостителските објекти во Македонија бележат континуиран раст, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика. Во април 2025 година, угостителските услуги се поскапени за 0,1% во однос на март, додека на годишно ниво порастот изнесува 4,4%.

Најголем раст во споредба со претходниот месец е забележан кај храната, каде цените се зголемени за 0,2%. Алкохолните и безалкохолните пијалаци бележат минимално поскапување од по 0,1%. Во категоријата „Ноќевања“ не е регистрирана промена на цените. Кумулативно, индексот на цените на угостителските услуги во периодот јануари – април 2025 година е зголемен за 5,8% во споредба со истиот период од 2024 година.

Во однос на декември 2024 година, зголемувањето изнесува 1%. Овие податоци укажуваат на тренд на стабилен раст на цените во угостителскиот сектор, што најверојатно е резултат на инфлаторните притисоци, зголемување на трошоците за суровини и енергенси, како и растот на платите во индустријата.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.