Четврток, Голема Богородица, неработен ден за православните граѓани
Објавено: 26 август, 2025, во 10:16 часот
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 28 август 2025 година, четврток, кога се празнува Успение на Пресвета Богородица, Голема Богородица, е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија.
Следен празнично неработен ден ќе биде 8 септември, Ден на независноста, за сите граѓани, кога ќе има и продолжен викенд, со оглед дека се паѓа во понеделник.
Дума.мк


