Денес променливо облачно со сончеви периоди

Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време со дневни температури кои на повеќе места ќе бидат над просекот за овој период од годината. Поголемо наоблачување ќе има на крајот од работната недела и ќе биде проследено со услови а слаб локален дожд.
Денес времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Температурата наутро ќе биде од -1 до 6, а во текот на денот од 9 до 20 Целзиусови степени.
Во Скопје времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе биде 3, а дневната 16 Целзиусови степени.
Утре времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен до северозападен правец. Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб променлив ветер. Утре температурата ќе се искачи до 20 Целзиусови степени.
Дума.мк
