Денес сончево и топло време со максимална температура до 22 степени
Објавено на 21 февруари, 2023 во 09:23
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/02/sunnyday.jpg)
Сончево и топло време со максимална температура до 22 степени ќе преовладува денеска во земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степена.
Синоптичарите најавуваат период на стабилно и релативно топло време. До среда ќе се задржи сончевото време, а веќе од четврток ќе има зголемување на облачноста и ќе почне да дува умерен ветер од јужен правец.
Дума.мк
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)