Денеска не очекува облачно време, во вечерните часови и врнежи од снег
Објавено на 28 јануари, 2022 во 09:25
Времето денеска ќе биде со умерена до значителна облачност, освен на запад каде ќе преовладува сончево време. Попладне облачноста ќе се намали. Вдолж Повардарието и во источните делови ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Денес во вечерните и ноќните часови во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Утре ќе дува засилен северен ветер и претпладне ќе има повремен слаб снег. Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег ќе има во вторник.