Донација во две училишта во Битола-паметни – џубокс канти за рециклирање на различен тип на отпад

Со целреализација на активности за подигнување на свеста за заштита на животната средина во основните училишта, со што ќе се поттикнуваат навики кај децата за соодветно складирање и рециклирање на отпадот, денес во основните училишта „Св. Климент Охридски” и „Тодор Ангелевски”, беа донирани две паметни – џубокс канти за рециклирање на различен тип на отпад изработени за оваа намена, од материјал алкубонд со димензии 200х140х60.
Паметните канти, сами го делат отпадот во четири различни канти, а истовремено претставуваат и џубокс што пушта македонски и светски хитови.
Донацијата е дел од проектот „Поттикнуваме промени да ја заштитиме природата“, кој го спроведува компанијата Ново Нордиск, а се реализира согласно потпишаниот Меморандум за соработка со општина Битола.
Текстот во целост прочитајте го Апла.мк
