Од полноќ бензините со пониски цени!

Објавено на 28 јануари, 2013 во 12:15

Ваква одлука донесе денеска Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија.

Рафинериските цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 1,32 % . Малопродажните цени на нафтените деривати  согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат  во просек за 1,01%.

Тоа значи дека малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50  ден/лит.

Така цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,50 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00  ден/лит и ќе изнесува 71,00 ден/лит.

Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) намалена за 0,50  ден/лит, изнесува 60,00 ден/лит.

 

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,515 ден/кг и ќе изнесува  42,524 ден/кг.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.