Поефтинува мазутот, цените на бензините и на дизелот не се менуваат

Објавено на 18 ноември, 2024 во 15:02

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на  Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,06 % во однос на одлуката од 11.11.2024 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,136 ден/кг и сега ќе изнесува 43,708 ден/кг.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.