Загреб: Струјардесите повторно работат, авионите пак летаат!
По осумдневниот штрајк, загубата на „Кроација Ерлајнс“ е проценета на повеќе од 8 милиони куни.
По осум дена стјуардесите на државната компанија „Кроација ерлајнс“ го прекинаа штрајкот и се согласија на намалување на платите од девет отсто, додека управата се откажа од постапки против персоналот кој беше на групно боледување во почетокот на мај.
Портпаролот на Синдикатите на кабинскиот персонал Ивана Лојо изјави дека стјуардесите го прекинале штрајкот, оценувајќи дека продолжувањето на штрајкот за нив би бил контрапродуктивен, бидејќи денеска пристигнала тужба за легалноста на нивниот штрајк.
Со прекинот на штрајкот се создадени можности за нормализација на редот на летање и прекин на растот на штетите кои секојдневно се зголемуваа за милион куни.
Во договорот за прекин на штрајкот се договорени деталите во кој рок и како ќе се потпише анекс колективниот договор што тогаш ќе се применува и на кабинскиот персонал.