Ќе поскапат цигарите и алкохолот!
Објавено на 29 мај, 2013 во 22:28
По одлуката на Владата да ги зголеми акцизите на пивото, алкохолните пијалаци и тутунот на повидок е и нова цена на цигарите и алкохолот.
Новата акциза за еден литар чист алкохол ќе чини 340 денари наместо досегашните 300 денари, додека за цигарите акцизата ќе се зголемува постепено во наредните 10 години.
Образложението на Владата за ова поскапување е намалување на потрошувачката на овие производи, заштита на здравјето на населението и усогласување со директивите на ЕУ.