Ќе поскапе струјата?

Објавено на 13 јуни, 2013 во 17:01

Ќе се зголеми цената на струјата и за колку, ќе биде познато до крајот на јуни, објави 24 Вести.

Регулаторната комисија за енергетика прави финални пресметки, откако државните ЕЛЕМ и МЕПСО како и австриската ЕВН, ги доставија трошоците  според кои треба да утврди дали се создадени услови за намалување на цената на струјата за домаќинствата или пак ќе дојде до ново поскапување.

Одтаму не откриле детали само потврдиле дека новите цени согласно правилникот ќе се знаат до крајот на јуни.

 

МЕПСО побарал зголемување на цената за пренос од 10 % – ставка која не се очекува да влијае врз конечната цена.

И ЕЛЕМ во пресметките покажале зголемени трошоци со незначителни проценти.

Идентично е и со дистрибутерот ЕВН Македонија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.