Наместо дизел – гас!
Објавено на 16 јуни, 2013 во 19:49
Повеќе да го користат гасот, од граѓаните на Русија, побара претседателот Владимир Путин.
Тој побара да се усвои план за проширување на употребата на природниот гас како погонско гориво во земјата.
Со планот железничкиот, речениот и поморски транспорт, како и земјоделските машини би возеле исклучиво на природен гас, пишуваат руските медиуми. Тоа во Русија би довело до промена на цената на природниот гас поточно до поевтинување.
Русија е држава во која има многу наоѓалишта на гас, а преку компанијата Газпром, оваа држава е најголем светски извозник, снабдувач и дистрибутер на природен гас во светот.
