Еуростад: Македонија трета по сиромаштија во Европа!
Објавено на 20 јуни, 2013 во 07:17
Македонија е трета најсиромашна држава во Европа покажаа најновите податоци на Еуростат со 35 % БДП по глава на жител, од просекот на ЕУ. Мерено според показателот БДП по глава на жител, македонските граѓани се 65 % под стандардот на ЕУ, исто како и Србите, а само Босанците и Албанците имаат полош стандард, пренесе Новатв.мк.
Луксембург и во минатата 2012 година како и во претходната 2011 година имал два ипол пати поголем бруто домашен производ (БДП) по жител мерено според паритетот на куповната моќ од просекот во Европската унија.