Македонското вино не замина за Кина!

Објавено на 27 јуни, 2013 во 07:31

Иако уште лани во септември беше помпезно најавено дека 40 контејнери вино ќе отпатуваат во Кина, зделката се уште не е реализирана. Во Здружението на винарници Вина уверуваат дека договореното сепак ќе се реализира за неколку месеци, пренесува Фактор.

Во септември минатата година Агенцијата за привлекување странски инвестиции и промоција на извозот најави дека посредувала седум винарници од Здружението Вина да склучат договор со кинеската компанија Тиенџин за извоз на вино, до денеска зделката не е реализирана. Винарниците требаше веднаш да извезат 40 контејнери вино или 456.000 шишиња, а тоа го најави и Ѓорѓи Петрушев од Здружението Вина.

Во Здружението Вина, објаснуваат дека Тиквеш, Сковин, Стоби, Попов, Дудин, Камник и Езимит имаат потпишано договори со кинеската фирма, но конкретни детали каде запнала работата не откриваат.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.