Продолжува да паѓа цената на нафтата

Објавено: 8 август, 2013, во 14:45 часот

Под 106 долари се спушти денеска цената на нафтата на лондонската берза, бидејќи инвеститорите  и натаму се загрижени за најавата дека американската централна банка ФЕД ќе ја укине програмата за поттикнувачки монетарни мерки.

На лондонската берза цената на барел сурова нафта денеска падна за 53 цени и достигна 106,91 долар, откако во предходното тргување достигна ниво од 107,86 долари. На американскиот пазар барел нафта се тргуваше по пониска цена за 21 цент и достигна 104,16 долари.

Нафтениот пазар стравува дека укинувањето на монетарните поттикнувачки мерки на американската централна банка ФЕД, кое може да се случи наредниот месец, ќе влијае на намалување на ликвидноста на глобалниот пазар.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.