БиХ нема пари за пензии
Објавено: 9 август, 2013, во 15:49 часот
Заводот за пензиско осигурување во федерацијата Босна и Херцеговина немал доволно средства за да продолжи со исплатата на пензии.
Хрватската пошта Мостар, еден од двата федерални поштенски оператори, соопштила дека не е во можност да изврши исплата на пензиите на сите свои корисници, бидејќи федералниот завод не и го уплатил вкупниот износ потребен за исплата, пренесува Хина.
Медиумите во земјата соопштија од четвртокот, федералниот завод бил во минус од 35,7 милиони евра, а до ова дошло бидејќи владата на федерацијата не ги подмирила своите стари долгови од над 85 милиони евра.
Стабилизацијата на пензискиот систем беше еден од условите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со кој на земјата во 2012 година и беше одобрен двогодишен стенд бај аранжман во износ од околу 400 милиони евра.
