НБРМ: Може да се зголемува кредитната поддршка на стопанството

Објавено: 14 август, 2013, во 15:00 часот

Кредитните текови се позитивни со поголема ориентираност на банките кон населението, девизните резерви се на ниво доволно за справување со евентуални, непредвидени шокови, депозитите во банкарскиот систем растат, но побавно од очекуваното, а инфлацијата и натаму се движи во проектираните рамки, оценува Народната банка на Република Македонија.

Според НБРМ, каматната стапка на благајничките записи ќе се задржи на нивото од 3,25 отсто, а на аукција ќе се понудат благајнички записи на ниво на достасаниот износ, 25.500 милиони денари.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.