Фактор: Води ли некој сметка колкава помош добија странските инвеститори во земјава?
Институциите немаат целосна евиденција за државната помош што ја добиваат странските инвеститори кои отворија фабрики во слободните економски зони во земјава, покажува извештајот на Државниот завод за ревизија. Извештајот се однесува за работата на Агенцијата за странски инвестиции во 2012 година под раководство на директорот Висар Фида, кој доаѓа од редовите на ДУИ.
Ревизорите посочуваат дека не се врши следење и контрола дали инвеститорите ги почитуваат и исполнуваат обврските од потпишаните договори.
„Не се води целосна евиденција со податоци за видот и висината на доделената државна помош по поединечни приматели корисници на ТИРЗ во која треба да бидат вклучени не само исплатените парични средства на име грант обезбедени од Буџетот на Агенцијата, туку и податоците од УЈП и Царинската Управа за даночни и царински олеснувања, констатира ревизијата. Понатаму се потенцира и дека не се врши следење и контрола дали се исполнети обврските за висина на инвестицијата, бројот на вработените како и доставување на извештаи, констатира ревизијата.
Ревизорскиот извештај открива и дека не се доставуваат целосни информации и извештаи за доделената државна помош до Собранието на РМ, ниту до Дирекцијата за Технолошко-индустриски развојни зони како што налагаат законските прописи.
„Поради претходно наведеното, Агенцијата од основањето па до денот на ревизијата нема доставувано целосни извештаи до 28 февруари во тековната година, за изминатата година до Собранието на РМ и до ДТИРЗ, што не е во согласност со закониските регулативи. Исто така, не се почитувани ниту законските одредби според кои секој даватаел на државна помош е должен најдоцна до први март во текованта година до Комисијата за заштита на конкуренцијата да достави Годишен извештај за доделената државна помош од рпетходната година.
Непочитување на законските прописи влијае на целосноста на Годишниот извештај на Комисијата за заштита на конкуренцијата во делот за државната помош кој има обврска да го изработи Комисијата и да го достави до Собранието, но исто така дава и нецелосна слика за доделената држвна помош.
Сепак ревизијата констатира дека во септември 2013 година од страна на одговорното лице во Агенцијата е донесено Упатство за контрола, оценување и следење на државната помош и доставени се барања за податоци до корисниците на државна помош и до надлежните институции, со што се превземени мерки за надминување на состојбите.
Какви неправилности констатираше ревизијата?
Ревизорите констатираат дека некои од инвеститорите барале државна помош со неуредна документација.
-„Ревизијата констатирала и недостатоци и забелешки кај одделни инвеститори од причини што документацијата, во прилог на барањата на инвеститорите, по која е одлучувано, е неуредна, некомлпетна и и не е соодветна и доволна од аспект на веродостојни и комплетни сметководствени документи. “
Понатаму, во ревизорскиот извештај пишува дека се прифаќале различни докази за ист вид државна помош.
-Кај различни инвеститори за ист вид на државна помош, доставувани се различни докази за исполнет услов за исплата кои се прифатени такви какви што се доставени од инвеститорите. “
Ревизорите се посочуват и дека државна помош кај ист инвеститор се исплаќала по повеќе основи.
-„Кај еден од инвеститорите, извршена е исплата во вид на држвна помош во вид на 50% компензација од бруто плата на вработените, истовремено со ослободување од плаќање на персонелен данок на доход на сите вработени во кои се вклучени и делот на варботените за кои се користи грант“
Извештајот обелоденува и дека некој од инвесторите дополнително ја злоупотребувале позицијата и ја поттикнувале нелојалната конкуренција во земјава.
-„Кај еден инвеститор, корисник на ТИРЗ утврдено е дека производите се пласираат и на територија на РМ, иако истиоте се произведени во ТИРЗ и се субвенционирани преку исплатѕата на државна помош, со што стануваат поконкурентни на пазарот заради пониска цена или и во случај да не е намалена цената на пазарот остваруваат екстра профит.
ДРЗ препорачува државата да тужи странски инвеститор
Во јули 2010 година, преземени се активности од страна на Дирекцијата за Технолошко-индустриски развојни зони за раскинување на договорот за долгорочен закуп на градежно змејиште, а со тоа и на договорот за доделување на државна помош од 2009 година кај еден инвеститор корисник на ТИРЗ. Причината за тоа била бидејќи закупецот на земјиштето согласно потпишаните договори не започнал навреме со градба на објектот.
Агенцијата за странски инвестиции, испратила известување до инвеститорот што претставува изјава за раскинување на договорот за доделување на државна помош, поради неисполнување на обврските и непочитување на роковите, како и поради непотпишување на анексите на договорот со кои се пролонгираат роковите, веалт ревизорите.
„Со раскинување на договорот, истиот нема никаква правна важност, а се задржува и правото за покренување на тужба за надомест на загуба и штета за неплаќање на договорна казна согласно договорот. Ревизијта препорачува во следнито период да се преземат активности за поведување постапка за за наплата на договорна казна и надомест на загуба и штета, стои во извештајот.