ДВ: Прекаријат и клиентелизам го тресат македонскиот пазар на труд

Објавено на 4 февруари, 2014 во 09:01

Агенцијата за администрација една недела пред да се распишат претседателските избори објави конкурси за прием на над 300 државни службеници во државни институции и во општините, jaви Дојче Веле.

Најголем број – 200, бара Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор. Конкурсите на интернет-страницата на Агенцијата за администрација се објавени од 28 јануари до први февруари, денот кога претседателот на Собранието ги распиша претседателските избори. Според објаснувањата, огласите се регуларни, а само оние распишани на 31 јануари, во печатените медиуми се објавени на 1 февруари, на денот кога се распишани изборите. На ред за објавување чекаат и три нови мерки од оперативниот план за вработување, со кои треба да се отворат 4.000 субвенционирани работни места, за кои огласите беа најавени на 3-ти февруари. Од Агенцијата за вработување (АВРМ) велат дека постапката за нив во последен миг е замрзната, бидејќи чекаат мислење од Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК).

„Се надеваме дека ќе добиеме одобрување, бидејќи ова е претходно најавена мерка. Ако добиеме зелено светло, ќе ги објавиме огласите. Во спротивно, остануваат замрзнати“, велат од АВРМ. И додека се поставуваат прашања каде ќе се вработат лицата од предвидените 4.000 субвенционирани вработувања, кога и оние 1.600 примени во ЈП „Македонски шуми“ седат дома, од АВРМ тврдат дека таа постапка е пред крај. „Веќе се вработени 920 од нив: 120 останаа во ‘Македонски шуми‘, 700 се прераспоредени во други институции според потребите, а сто го чекаат потписот на одлуката за распоредување. За 330 во фаза е доставувањето на согласност за прераспределување, а за 250 се чека утврдување на нивното крајно одредиште“, велат од стручните служби во АВРМ, но не наведуваат во кои институции се прераспределени вработените.

Тоа во јавноста остава сомнеж дека станува збор за нов контингент лица кои земаат плата и седат дома. Уште потешко е да се одговори каде ќе работат оние 4.000? Миле Бошков, извршен претседател на Бизнис-конфедерацијата на Македонија, со претпазливост ја коментира оваа мерка.

Текстот во целост прочитај го тука.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.