Во Кавадарци ќе се сретнат македонски и косовски бизнисмени

Објавено на 3 април, 2014 во 07:11

Стопанската комора на Македонија преку регионалните комори во Кавадарци и Велес денеска организира бизнис средба на компании од Вардарскиот плански регион и Косово.

Целта е да се унапреди деловната соработка на стопанствениците од Вардарскиот плански регион на Република Македонија и Јужниот, Северниот и Западниот регион од Косово.

Средбата се организира во соработка со Фондацијата за одржлив еконмски развој ПРЕДА Плус од Прилеп и Центарот за развој на Вардарскиот плански регион.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.