Светски ден на туризмот
Меѓунардниот ден на туризмот се одбележува под мотото „Одржлив туризам и развој на локалната заедница“.
По тој повод министерот за економија Беким Незири денеска ќе ги додели признанијата на најуспешните во категориите хотели, „инкаминг“ туристички агенции, ресторани и манифестации кои во претходната година со нивните активности придонеле за подобрување на туристичката понуда во Република Македонија.
Вкупно ќе бидат доделени 16 плакети, по четири во секоја категорија.
Светски ден на туризмот е воспоствен со цел подигање на свеста и важноста на туризмот и неговите општествени, културни, политички и економски вредности.
Стопанската комора за Туризам на Македонија е формирана во 2008 година, а целта е поттикнување, подршка на локални, национални и меѓународни иницијативи за унапредување на одржливиот развој на туризмот во Република Македониоја.
Комората по повод Денот на туризмот, упати честитка во која се вели дека препознавајќи ја потребата за одржлив туризам се приклучува со потпишување на Глобалниот Етички кодекс во Туризмот од приватниот сектор со UNWTO на 29 јули 2014 година како 40. земја во светот која го потпша овој документ.