Фактор: Страв лозје чува – милијардери чуваат огромни резерви во готовина !
Милијардери во светот држат огромен дел од своето богатство во готовина, што е уште еден знак кој ја покажува колебливоста да инвестираат на пазарите, јави Фактор.мк.
Според истражување на Wealth-X и UBS милијардери во светот држат во просек по 600 милиони долари во кеш на човек, што е еквивалентен просек на 19% од нивната состојба. Податоците бележат драстичен скок од минатата година, кога просечната бројка е 60 милиони долари.
“Оваа зголемена ликвидност покажува дека многу милијардери ги чуваат своите пари настрана и го чекаат вистинскиот момент за нови инвестиции”, се вели во студијата.
Паричните залихи надминуваат многу инвестициите на милијардери во недвижности. Последните изедначуваат просек на 160 милиони долари на милијардер или околу 1/5 од парите нивните пари во кеш.
“Јасната безбедност на паричните залихи по болната финансиска криза и последователната должничка криза во еврозоната, го промовира трендот на претпазливо преразпределување на состојбата”, вели главниот инвестициски директор на UBS Wealth Management Симон Смаилс во извештајот.
Тој сепак предупредува дека инфлација се заканува да ја намали вредноста на парите, затоа тој ги советува клиентите да преземат “одредена доза ризик” кај каматните свопови, свопови за кредитно неизвршување или девизните курсеви и дериватите на девизниот пазар.
Текстот во целост процитај го тука.