Македонија најпогодна за водење бизнис на Балканот
Објавено на 2 октомври, 2014 во 07:48
Aмерикански економски магазин “Форбс“ ја позиционираше земјава на 36-то место според можностите за водење бизнис, во конкуренција од 145 земји.
Според нив, по осамостојувањето во 1991-та година, Македонија беше најмалку развиена од сите поранешни југословенски републики, а недостатокот од инфраструктура и грчкото ембарго го попречуваше економскиот раст на земјава до 1996-тата година.
На Балканот според рејтингот само Словенија се најде пред Македонија на 17-то место. Бугарија е на 42-ра позиција, на 44-тa е Црна Гора, 45-тa е Хрватска и на 46-тa е нашиот јужен сосед Грција.