Во Белград состанок на Западен Балкан, ЕУ
Објавено на 23 октомври, 2014 во 08:05
Министрите за надворешни работи и за економија на земјите од Западен Балкан и високи претставници на Европската унија денеска во Белград ќе разговараат за програмите со кои би можело да се поттикне стопанскиот раст и да се привлечат приватни инвестиции во регионот, јави Радио Слободна Европа.
На собирот на тема „Економско управување и поврзаност“ би требало да учествуваат министри од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Косово.
Најавеното учество на шефот на косовската дипломатија Енвер Хоџај ќе биде прва таква посета од отцепувањето на Косово во 2008 година.