Се влошува економската состојба на фирмите
Економската состоба во фирмите се влошува – покажа новата анкета на Заводот за статистика. Во септември, менаџерите на компаниите изјавиле дека во однос на истиот месец лани, но и во однос на август, има влошување во приватниот сектор, јави 24 Вести.
Подобрување имало во однос на обемот на производството. Бизнисмените не се оптимистични за последното тромесечје од годинава, односно не очекуваат подобрување на економската состојба, зголемување на нарачките и на бројот на вработени.
Во септември е регистрирано благо намалување на процентот на искристеност на производствените капацитети. Имено, во септември погоните работеле со 61,3 проценти искористеност.
И натаму недоволната странска и домашна побарувачка се водечки фактори што влијаат врз комапниите.
Така, според статистика недоволната странска побарувачка со 23 % е прв фактор што го ограничува обемот на производство, потоа со 18% е недоволната домашна побарувачка, неизвесното економско опкружување има удел од 11%, а финансиските проблеми на фирмите учествуваат со 9%.