Во Белград најскап а во Скопје најтешко се враќа кредитот за стан
Да купите стан од 55 м2 во центарот на Белград ви се потребни 100.000 евра затоа што метар квадратен во главниот град на Србија чини 1.800 евра и е меѓу најскапите во регионот, покажа истражувањето на српски „Блиц“.
На врвот на листата е и Љубљана каде квадрат станбен простор чини 2.600 евра, односно со 100.000 евра можат да се купат едвај 38,4 метри квадратни а во Загреб, за истите пари ќе купите стан од 43 метри квадратни, бидејќи цените се движат околу 2.300 евра за м2.
Скопје е кон крајот на листата – со цена од 1.250 евра за м2 во центарот на градот, за 100.000 евра можете да купите стан од 80 м2. Единствено поевтина е Бања Лука, каде за истата сума ќе добиете пет квадрати повеќе.
Но, Словенците, со просечна плата од 1.000 евра, за да го исплатат станот од 38,4 м2 им се потребни само 8 години и 3 месеци а на Хрватите со плата од 720 евра им се потребни,11 години и 5 месеци.
Македонците најдолго би го отплаќале станот од 100.000 евра поточно цели 25 години и 2 месеци, повеќе дури и од жителите на Република Српска, на кои за отплата на поголем стан им се потребни 19 години и 3 месеци.
Тоа е затоа што платата на Македонците е најниска – само 330 евра.
Извор: Фактор