Германија најпосакувана земја за работа
Германија е 4-та најпопуларна држава за работа на глобално ниво по САД, Велика Британија и Канада. Една третина од 200.000 испитаници кои биле анкетирани, во истражувањето на „Step stone“ и Бостонската консултантска група изјавиле дека би сакале да се преселат во оваа земја.
Берлин е 6-ти најпопуларен град за работа во светот.Приматот го има Лондон а потоа следуваат Њујорк и Париз.
Најзаинтересирани за преселба во Германија се граѓани од југоисточна Европа. Според анкетата водат работниците од Босна и Херцеговина и Србија. 64% од вработените во Србија сакаат да се преселат во Германија.
„Германија е магнет за меѓународни работници“, изјави Себастијан Детмерс од „Step stone“. „Економската стабилност, големиот број работни места и добриот начин на живот ја прават Германија добра опција за повеќе и помалку вештите луѓе кои бараат работа.“
Меѓутоа, само 44% од Германците сакаат да работат надвор од својата земја. За Германците најпривлечна е Швајцарија, по која следуваат САД и Велика Британија.
Најголемата причина за одење надвор од својата земја за Германците не се парите, ами личниот развој. Ним им е привлечен предизвикот за работа помеѓу луѓе од различна култура. Од друга страна, оние од економски неразвиените земји се оние кои сакаат да се преселат за парите.
Истражувањето било спроведено на 200.000 луѓе од 189 земји во периодот од април до јуни годинава.
Извор: Факултети