Канада ширум ги отвора границите за иселеници
Претставувајќи го планот за доселување за 2015 година, министерот за државјанство и имиграција Крис Александер , соопштил дека во 2015 година Канада ќе прими помеѓу 260.000 и 285.000 доселеници.
– Новиот имиграционен план ја зајакнува посветеноста на нашата влада на долгорочниот економски раст и на благосостојбата на сите Канаѓани. Со овој план ќе им посакаме добредојде на рекордниот број на лицата кои ќе допринесат на нашата економија и пазар на работната сила, изјавил Александер.
Така Канада во 2015 година ќе обедини повеќе доселенички семејства и ќе продолжи да им овозможува помош на најзагрозените семејства во светот.
Преднос за добивање на исселенички визи ќе имаат економските имигранти, 65 отсто, а преостанатите 35 проценти ќе ги сочинуваат членови на семејства на доселеници кои се веќе во Канада и кои сакаат со нив да продолжат да живеат во таа земја. Во таа третина влегуваат и бегалци и други кои Канада ги прима по некои хуманитарни програми.
На реализацијата на зголемениот план на доселување треба да допринесе и новиот модел на активно доведување на економски имигранти наречен „Брзо влегување“ кој ќе започне да се применува во јануари 2015 година и ќе овозможи поголема флексибилност и побрзо исполнување на барањата за работни места за кои нема доволно Канаѓани.
Кандидатите за работа и имиграција кои имаат важечка понуда за работа во Канада или номинација по провинцијалски програми ќе бидат повикани да се пријават за добивање статус на постојан жител.
Секоја година владата на Канада во договор со владата на 10 провинции и три територии го одредува новиот број на новодојдени лица за кои се очекува дека ќе бидат примени за нови постојани резиденти (жители). Од 2006 до 2013 година во Канада се доселил рекорден број на луѓе по разни основи – просечно 257.000 секоја година.