„Мид Европа Партнерс“ купува српски фирми
Објавено: 3 февруари, 2015, во 08:29 часот
Мид Европа Партнерс, најголем инвестициски фонд специјализиран за инвестиции во Централна и Источна Европа, потпиша договор за преземање на фирмите на Дејнуб фудс група во чија сопственост се српските компании Имлек, Млекара Суботица, Бамби и Књаз Милош.
Тој инвестициски фонд ги купил и сите млекари што се во состав на Имлек и работат во Македонија, Република Српска и Црна Гора, јави Танјуг.
Склучување на трансакцијата се очекува во првата половина од оваа година по исполнување на сите услови од купопродажниот договор. Не се соопштени податоци за финансиските трансакции.
