Нови авио-линии на „Виз ер“

Објавено на 2 јуни, 2015 во 08:58

Отворање на нови директни линии од Скопје и Охрид до неколку градови во Европа најави нискобуџетната авионска компанија „Визер“. Во месеците јуни и јули годинава од скопскиот аеродром „Александар Велики“ двапати во неделата директно ќе се лета до Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридихшафен.

Од охридскиот аеродромот „Св.Апостол Павле“ истотака двапати неделно ќе има лет до Базел. И овие нови авио-линии се дел од Договорот за финансиска поддршка за воведување нови авионски линии од аеродромите во Скопје и Охрид за периодот од 2015 до 2018 година, потпишан помеѓу Министерството за транспорт и врски и „Виз ер“.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.