Обединетото Кралство инвестира во најмоќниот суперкомпјутер за временска прогноза

Објавено: 17 февруари, 2020, во 11:14 часот

superkompjuter fin

Британската Влада планира да инвестира 1,6 милијарди американски долари за создавање на најмоќниот суперкомпјутер во светот за да обезбеди попрецизни прогнози за времето и за климата.

Новиот суперкомпјутер ќе помогне попрецизно да се предвиди невреме, да се изберат најсоодветните локации за објекти за заштита од поплави и да се предвидат глобални климатски промени. Исто така, ќе се обезбедат подобри временски прогнози за аеродромите, како и подетални информации за енергетскиот сектор.

Сегашните суперкомпјутери на британската метеоролошка служба ќе бидат во употреба до крајот на 2022 година. Воведувањето на новиот суперкомпјутер ќе ја зголеми шест пати компјутерската моќ достапна на британските метеоролози, соопшти Владата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.