Светската берза „Вол Стрит“ започна да тргува со водата
09.12.2020
Исто како златото и нафтата и водата ја нема во изобилство. Иако досега водата не беше во фокусот, но како резултат на се поголемата ограниченост и достапност, најпознатата светска берза „Вол Стрит“ започна да тргува и со оваа стока. Водата за луѓето претставува егзистенцијален ресурс, а тргувањето со неа укажува дека не се води доволно грижа за истата.
Од оваа недела, земјоделците, хеџ фондовите и општините ќе можат да се обложуваат на потенцијален недостиг на вода, откако „CMR Груп INC“, лансира фјучерси за вода на калифорнискиот пазар во вредност од 1,1 милијарда долари. Според компанијата, фјучерсите ќе им помогнат на корисниците на вода подобро да управуваат со ризиците и посоодветно да одговараат на понудата и побарувачката.
Ова навистина не значи дека ќе се тргува со вода за пиење од цевките на комуналните компании, туку договори во оваа област. Додека инвеститорите тврдат дека тоа е добар механизам за подобрување на ефикасноста на потрошувачката на вода, аналитичарите велат дека фјучерсите отвораат можност за вештачко покачување на нејзината цена, објави порталот „Банкар.ме“.
Воведувањето на овие фјучерси на „вода“ на финансискиот пазар било најавено уште во септември, кога жестоките бранови и пожарите беснееја по западниот брег на САД.
„Климатските промени, сушите, растот на населението и загадувањето најверојатно ќе поттикнат голем пораст на цените на водата во наредните години“, објаснува Дин Дреј, аналитичар и директор на „RBC Capital Markets“.
Според Блумберг, снабдувањето со вода е веќе голем проблем за две милијарди луѓе, а во следните неколку години тоа може да стане проблем за две третини од глобалното население.
Мите Јаначков