Денеска пад на битконот откако вчера ја помина магичната граница
Објавено на 21 март, 2021 во 10:07
21.03.2021
Додека вредноста на биткоинот вчера се приближуваше до историски рекорд, ситуацијата денес е значително поинаква бидејќи популарната криптовалута падна за повеќе од два проценти во изминатите 24 часа.
Во моментов со Биткоин се тргува околу 57.307 американски долари.
Вчера околу 14,30 часот, цената на криптовалутата беше накратко 60.035 зелени банкноти, што ја приближи до историскиот рекорд од 61.500 долари.
Така, вредноста на дигиталната паричка се намали за 2,5 проценти во последните 24 часа.