Поевтинуваат бензините и дизелот

Објавено на 29 март, 2021 во 10:52

fuel 1596622 1920 960x639

29.03.2021

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,11 % во однос на Одлуката од 22.3.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.03.2021 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,966 ден/кг и сега ќе изнесува 34,426 ден/кг.

Од 30.3.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 66,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 68,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 55,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 44,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,426 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот за 4,255%, дизелот за 5,212%, екстра лесното масло за 5,258% и кај мазутот за 4,219 %.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,457%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 30.3.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, стои во соопштението до јавноста од Регулаторната комисија за енергетика.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.