Заев: Пет отсто раст на даночните приходи и придонеси во првото тримесечје

Објавено на 15 април, 2021 во 10:56

rast na prihodi

15.04.2021

Премиерот Зоран Заев преку својот Фејсбук информира дека се регистрирани позитивни движења во економијата во првото тромесечије.

Регистрирани се позитивни движена во економијата во првото тримесечје од годинава, кои најлесно и најбрзо може да се детектираат преку приходната страна на буџетот.

Буџетските приходи се повисоки во однос на преткризниот период – 4,4% е растот на вкупните приходи, а 5% е растот на даночните приходи и придонесите во однос на истиот период лани.

Наплатата на даноците е за 6,2% повисока во однос на истиот период минатата година, од кои:

ДДВ е повисоко за дури 11,4% во однос на првото тримесечје од 2020;

Данокот на добивка е на ниво повисоко за 5%;
Увозните давачки се повисоки за 10,4%;
Персоналниот данок на доход е со раст од 0,8%;
Придонесите се на повисоко ниво во однос на истото тримесечје лани за 3,3%, напиша премиерот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.