Намален кредитниот рејтинг на ЕУ
Објавено: 20 декември, 2013, во 09:10 часот
Агенцијата „Стандард и Пурс“ денеска соопшти дека го намали кредитниот рејтинг на Европската унија од највисокиот спепен ААА на АА+, јави Радио Слободна Европа.
Според агенцијата, финансиските аранжмани на Унијата биле влошени и оти се намалила кохезијата меѓу членките. Сепак, како што се додава, финансиските изгледи на Унијата остануваат стабилни.
Во истовреме, „Стандард и Пурс“ го потврдија нјвисокиот рејтинг „три А“ за Британија, оценувајќи дека владата е посветена на намалување на буџетскиот дефицит.
