Лани во ноември за 15,3 % се намалила трговијата на мало
Објавено на 17 јануари, 2014 во 14:33
Државниот завод за статистика објави дека трговијата на мало во ноември лани бележи намалување на прометот споредено со истиот месец од 2012 година.
Реалното намалување на прометот во групата „трговија на мало со храна, пијалаци и тутун“ е за 15,3 отсто, во „трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво“ за 7,6 отсто, во „трговија на мало, освен трговија со горива“ за 9,8 отсто и во групата „трговија на мало со автомобилски горива“ за 3,9 отсто.