Една четвртина од населението во Македонија живее во сиромаштија
Државниот завод за статистика со задоцнување од шест месеци, ги објави резултатите од т.н лаекен индикатори за сиромаштија за 2011 година.
Стапката на сиромаштија во 2011-та година изнесувала 27,1 % – бројка која ја сочинуваат лица со ниски приходи. Процентот на сиромаштија расте до 31,3 отсто пресметанп со оние кои примаат пензии, или до фантастични 47,1 отсто ако се пресметаат заедно и оние што земаат пензии и оние што добиваат социјална помош.
Анализирано по категории на граѓани, стапката на сиромаштија е најголема кај невработените – 48,7 %, 10 % од вработените граѓани се сиромашни, а кај пензионерите стапката на сиромаштија е 12,8%.
Според резултатите од анкетата, најсиромашни се семејствата со двајца возрасни и три и повеќе издржувани деца, домаќинства со двајца возрасни помлади од 65 години, самохрани родители, домаќинства со издржувани деца, лица кои живеат сами.
Голем дел од граѓаните не можат да си дозволат ниту основните животни потреби. Така , 37,9% од граѓаните имаат потешкотии со плаќање на кредити, станирини комунални сметки.
72,2 % од населенито не можат да си дозволат да плата еднонеделен одмор во текот на годината, а 56,9 % од македонците не можат да си дозволат да платат јадење со месо, риба или вегетирајанска храна секој втор ден, 64,3 % од граѓаните не можат да се соочат со неочекуван трошок , плаќајќи го со сопствени средтсва . 26,9 нотсто немаат пари соодветно да си го затоплат домот, а 22,8 не можат да поседуваат автомобил.
Новата статристичка методологија ја намали стапката на сиромаштија за 3 %, споредено со податоците за пред две години, пресметувани според старата методологија кога сиромаштијата изнесуваше 30,4 %.
Според метологијата на светската банка за сиромашен се смета секој кој живее со помалку од 100 денари дневно.
Според мерењата на Евростат за паритетот на куповната моќ, стандардот на просечениот Македонец изнесува само 35 отсто од стандардот на Европеецот, односно Македонија е трета најсиромашна земја во Европа.