Србија ќе земе една милијарда долари кредит од Емиратите
Kредит Обединетите Арапски Емирати, во висина од една милијарда долари, ќе земе Владата на Србија. На владината седница првиот потпретседател Александар Вучиќ рече дека станува збор за поволен кредит кој ќе и` овозможи на Србија да заштеди 300 милиони евра.
Министерот за финансии Лазар Крстиќ прецизира дека кредитот ќе се отплаќа на десет години со номинална каматна стапка од 2 отсто. Отплатата би почнала шест месеци по земањето на парите, а главнината треба да се исплати дури за десет години. Крстиќ рече дека годишно ќе се заштедат 40 милиони долари, односно 400 милиони за десет години, или изразено во евра, 300 милиони.
-Кредит во таков износ ни е неопходен поради дефицитот, а ваков кредит да се добие тоа е еднакво на подарок, нагласи Крстиќ кој договорот треба да го потпише утре во Абу Даби.