Во Калифорнија се создава вино од вода!
Во Калифорнија создадоа машина која ја претвора водата во вино за три дена. Новиот изум дури може да направи и различни видови вино, меѓу кои Каберне Совињон и Шардоне.
За целта се користат ќесички со состојки и се избира саканиот вид вино и неговите карактеристики, па се вклучува машината. Потоа процесот на ферментација може да се набљудува со апликација за смартфон, што известува и кога виното е готово.
Винаријата Кевин Боијер и трговецот Филип Џејмс не ја откриваат тајната на своето откритие, но откриваат дека машината поседува камера за ферментација со електрични сензори, конвертори, пумпи и загревачки уреди. Ова обезбедува “контролирана околина за примарна и секундарна ферментација, ако е неопходна”.
Двајцата пронаоѓачи направија прототип на машината и се надеваат дека ќе обезбедат средства за да го започнат производството. Ако успеат, ќе ја пуштат во продажба уште до крајот на годината.