За 5 милиони евра, лани, се зголемил буџетскиот дефицит
Минатата година во државната каса се слеале помалку приходи од очекуваното. Владата во 2013 година во буџетот планираше да собере 2 милијарди 422 милиони евра, но собра околу 145 милиони евра помалку, јави 24 Вести.
Потфрлање има кај даночните приходи и придонеси. Од проектираните 2 милјарди и 41 милион евра, на име даноци, во касата се собрани една милјарда и 960 милиони евра, или близу 77 милиони евра помалку.
Според објавените, прелиминарни податоци за остварување на Буџетот во 2013 година, државата лани потрошила 2 милијарди и 593 милиони евра, а планирала да потроши 2 милијарди и 740 милиони вра.
Реалзицијата на капиталните инвестиции лани потфрлила за 20 проценти. Односно, од планираните близу 328 милиони евра, заклучно со декември лани за капитални расходи се потрешени 270 милиони евра.
Бројките покажуваат продлабочување од близу пет милиони евра на буџетскиот дефицит во 2013-та година.
Токму поради тоа што не можеше да ги оствари планираните проекции, Владата лани со ребалансот го зголеми буџетскиот дефицит на 3,9 %.