ЕУ го поврзува системот за ковид сертификати со Македонија
Објавено на 19 август, 2021 во 15:00
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/08/sertifikat-vakcinacija-makedonija-kovid.jpg)
Од утре, Европската комисија ќе го поврзе системот за дигитални сертификати на Европската унија со системите на Северна Македонија, Турција и Украина.
Ова значи дека документите на овие три земји ќе бидат прифатени во Унијата и дека европските сертификати ќе важат во трите земји.
Комисијата продолжува да работи во оваа насока со други земји надвор од Заедницата.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)