Огромна невработеност во Еврозоната !

Објавено на 9 јануари, 2013 во 08:02

Речиси 19 милиони луѓе во монетарната унија бараат работа. Најлоша е состојбата во Шпанија и во Грција. Младите таму речиси и да немаат шанса, објави Дојче Веле.

Европската економска криза предизвика рекордно високо ниво на невработеност во еврозоната. Во 17-те земји на еврото во ноември без работа беа 18,82 милиони луѓе. Квотата на невработеност изнесува 11,8 проценти, соопшти европската статистичка служба Евростат во Луксембург. Во споредба со претходниот месец ова е плус од 113.000 невработени. Во рамките на една година бројот на лицата кои бараат работа се покачи за повеќе од два милиони. Во сите 27 земји на ЕУ бројот на невработените се искачи на повеќе од 26 милиони.

Најмногу погодени се кризните земји Шпанија и Грција, каде повеќе од секој четврти жител нема работа. Во Шпанија квотата на невработеност во ноември изнесуваше 36,6 проценти. Последните расположливи статистички податоцици од Грција се од септември 2012 година, според кои стапката на невработеност изнесува 26 проценти. Особено фрустира положбата на младите под 25 години. Во двете земји невработеноста на младите се движи во правец на 60 проценти.

Стапката на невработеност во Германија на рекордно ниско ниво

Германија се вбројува меѓу земјите со најниска квота на невработеност. Во Австрија според статистичарите од Евростат невработеноста во ноември изнесуваше 4,5 проценти, во Луксембург 5,1 процент, во Германија 5,4 проценти.

Евростат ја пресметува невработеноста поинаку отколку Германскиот завод за статистика. Затоа овие две институции објавуваат различни податоци. Според Германскиот завод за статистика квотата на невработеност за декември во Германија изнесуваше 6,7 проценти.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.