Брисел забрани продажба на илегално сечено дрво!
Нов европски пропис ќе стапи на сила, во недела на 3 март, со кој се забранува продажба на илегално исечено дрво.
Со него ќе се сузбива бесправно сечење на шумите кои предонесуваат за климатските промени, соопшти вчера Европската комисија.
Освен заканата со казни, новиот пропис од фирмите бара потврда за легалноста на дрвото и производите од дрво кои првпат се извезуваат на европскиот пазар, како што се намештај и хартија.
Трговците кои купуваат или продаваат дрво на пазарите на ЕУ мораат да ги идентификуваат добавувачите и купувачите како и да ги запишат во регистар за да се следи потеклото и намената на производите.
Илегалната сеча на шуми има „ економски, еколошки и социјално тешки последици: оди рака под рака со уништувањето на шумите и промената на климата, ја поткопува работата на легалните оператори и го загрозува нивниот опстанок, создава проблеми при експлоатацијата на земјиштето и другите ресурси“, предупредува во соопштението ЕК.
Меѓутоа според новиот пропис казнувањето на прекршителите се однесува само на државите членки на ЕУ. Казните можат да бидат парични -сразмерно со степенот на еколошката штета, заплена на дрвото и производите од него или одземање на дозволата за работа.
САД и Австралија веќе имаат сличен пропис.
Светската трговија на дрво во 2011 година изнесувала 108 милијарди евра од кои 37,8 милиони или 35 отсто им припаѓаат на земјите од ЕУ, соопшти ЕК.
Новата европска мерка не се однесува на книги, весници, производи од бамбус, материјали за пакување и рециклирање на производи како ни за дрво кое го продаваат или купуваат поединци за лична употреба./Б.Н.Т
