Филипче: Родителите кои ќе сакаат да ги вакцинираат децата ќе мора да закажат термин
Објавено на 12 јули, 2021 во 11:47
Родителите кои ќе сакаат да ги вакцинираат децата ќе мора да закажат термин, на сајтот vakcinacija.mk, информираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
-Вакцината на Фајзер кога еднаш ќе се отвори мора да се вакцинираат 6 лица, бидејќи во вијалата има 6 дози. Ако се јави 1 или 2 деца има голем ризик да се фрлат одреден број вијали. А, тоа не сакаме да се случи што значи дека родителите и старателите ќе може да ги регистрираат и од петок ќе започне апликацијата на вакцините“, кажа Филипче.