Филипче: Вакцини имаме доволно, процесот на имунизација функционира одлично
Објавено на 16 јули, 2021 во 09:36
Вакцинацините против Ковид 19 ја намалуваат појавата на компликации и смртен исход од болеста, пишува министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.
-За да се постигне целта на вакцинацијата неопходно е да се вакцинираат што поголем број граѓани. Вакцини имаме доволно, а процесот на имунизација функционира одлично, за релативно краток период вакцинирани се голем број граѓани изложени на поголем ризик на компликации од болеста
58% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина
55% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина
50% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина
40% од населението над 50 години имаат примено барем една доза вакцина, пишува Филипче.