Филипче: Во понеделник ќе се знае дали и како ќе ги заштитиме границите од делта сојот

Објавено на 2 јули, 2021 во 12:28

На состанокот со Комисијата за заразни болести во понеделник ќе зборуваме за ширењето на делта сојот и за можната заштита на нашите граници. Ќе ги слушнеме предлозите, но засега нема да има дополнителни мерки на територијата на земјава, изјави министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција.

Според него, моментално се фокусирани на вакцинацијата.

„Во вторник ќе заврши вакцинацијата на сите пријавени во земјава, освен во градовите Скопје, Битола и Тетово. Во овие три града ќе се вакцинираат сите пријавени и ќе добијат термин наредниот петок. Очекуваме до крајот на следната недела да имаме 500.000 вакцинирани граѓани“, додаде Филипче и потенцира дека на некое места во земјава веќе е започната теренската вакцинација.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.